Пред 10 години во Исланд беа затворени сите сендвичарници на ланецот на хамбургери „Мекдонладс“. Еден жител на Исланд го купил последниот хамбургер и сега тој сендвич венее во живо пред очите на илјадници гледачи на интернет.
Хамбургерот со порција пржени компирчиња е заштитен со стакло како скапоцен камен.
Американскиот ланец ги затворил трите продавници во Исланд за време на финансиската криза во 2009-та година и така таа земја станала единствена на запад без „Мекдоналдс“.
Хјортур Смарасон, на 31-ви октомви таа година пред затворањето на ресторанот купил бургер за да го зачува.
Одлучив да купам последен оброк поради неговата историска вредност, бидејќи „Мекдоналдс“ се затвораше. Слушнав дека нивниот бургер никогаш не се распаѓа и сакав да го проверам тоа, рекол тој.
Прво бургерот го чувал во гаража, а потоа го позајмил во националнит музеј. Бургерот потоа се преселил во хотелот во главниот град Рејкјавик, а сега е изложен во хостел на југ од Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.