Со внимателно избран асортиман и атрактивни цени на производите од бела техника, телевизори и голем број апарати за домаќинство, „Техномаркет“ отвара уште еден маркет.
Со ова тие се уште поблиску до своите купувачи и продолжува со зголемување на својата продажна мрежа. Лоциран е на булевар Србија број 48, помеѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче. .
Според нашите истражувања на пазарот, се одлучивме за маркет кој ќе ги задоволи барањата и потребите на жителите во тој дел од градот. Продавницата се простира на 700 квадратни метри, на два ката со сопствен паркинг, со амбиент за целото семејство. Секој ќе може да си одбере и да си купи сѐ што ќе посака за својот дом. Ве покануваме на 15-ти мај да бидете дел од изненадувањата кои ги подготвивме за вас на големото отворање во населба Аеродром“ велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.