Младата италијанска манекенка Бјанка Доброиу(23) една е од првите личности во Болоња кај која е потврден вирусот на короната. Таа на корона е позитивна и сега, 56 дена откако е инфицирана, иако нема симптоми.
Бјакна е хоспитализирана во болницата Сант Орсола во Болоња на 26 февруари со температура од 40,7 степени. Истиот ден потврден и е Ковид 19.
Пуштена е од болница на 6 март и останала во самоизолација, бидејќи не била во критична состојба.
Оттогаш продолжила редовно да оди на тестирање и 4 пати била позитивна, а во еден случај резултатите биле нејасни.
Нејзиниот последен, шести тест минатата недела исто така бил позитивен.
Пациентката беше добро, ама тестовите и понатака се позитивни. Го проучуваме нејзниот случај многу внимателно. Колку што занеме досега никој во Италија не бил волку долго позитивен. Состојбата обично не трае подолго од четири недели – рекол инфектологот Лусијано Атард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.