Не знаеме за кое растение станува збор

Важно е да знаеме кое растение го чуваме и каква грижа му е потребна. Согласно со тоа, лесно ќе ги следиме секојдневните рутини.

Прекумерно наводнување на растението

Прекумерното наводнување е водечка причина за распаѓање кај домашните растенија. Премногу вода може да доведе до гниење на коренот. Билката треба да се наводни кога ќе се исуши горниот сантиметар од почвата. Исто така, се предлага да користите вода што е оставена да отстои 24 часа.

Мислите дека се што им треба на растенијата е вода

Додека водата е, се разбира, клучна за животот на растенијата, тоа не е единственото нешто што ќе им треба на домашните растенија. Собните растенија, бараат прехрана, исто како и оние што ги растеме на отворено.

Изнесување собни растенија на отворено

Оваа грешка се случува кога е топло надвор, па сметаме дека на нашата билка би и било одлично на терасата. Собните растенија не се соодветно прилагодени на таква драстична промена на светлината и температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.