Граѓаните купуваат различни видови производи, без разлика дали станува збор за прехранбени производи или пак примамени како резултат на попустите најчесто купуваат технички производи или облека.

Но, што треба да знаат потрошувачите доколку се измамени од страна на трговците или не се задоволни со купениот производ.

Еве што советуваат надлежните лица:

Потрошувачите треба да внимаваат што купуваат, дали има упатство за употреба и да ја прочитаат декларацијата.

Kога купуватe производи потрошувачите треба да видат дали има гаранција, дали тоа е преведено на македонски јазик, дали ги содржи сите технички упатства. Пред се и кај техничките производи гледаме дека и рекламирањето на попустите дека е големо и се промовира постојано и дали е тоа така навистина треба да се провери, дали на пример е 50% намалување и дали се однесува на сите артикли треба добро да се провери . Можеби се однесува само на мал број артикли и сепак треба да се следат оние насоки кои ние постојано ги даваме- од купувањето на производот заедно со фискалната сметка , да го проверат на лице место, потоа доколку не е исправен да го проверат таму, а ако не можат таму да го проверат дома и да не го оштетуваат производот и да видат дали перформансите му се во ред и доколку нешто не е во ред да го вратат во разумен рок или ако се расипал, односно го купиле со некаков недостаток имаат временски период да го вратат кај трговецот , потоа трговецот да го рекламира да оди на сервисирање. Вообичаено дека не прифаќаат замена на нов производ иако тоа би било реално.

Каде потрошувачите можат да се пожалат?

Незадоволните потрошувачи можат да се обратат на официјалниот број во Организацијата на потрошувачи во Македонија или во зависност од тоа за каков производ се работи, можат да поднесат жалба и во Државниот пазарен инспекторат или Агенцијата за храна и ветеринарство доколку забележат одредени недостатоци во однос на безбедноста на храната. Потрошувачите исто така треба да внимаваат кога купуваат во огромните супермаркети дали е истакната цената на рафтот со онаа која што ја плаќаат кога доаѓаат на каса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.