Преселувањето во странство ги зголемува приходите на работниците за 21.000 долари, а најдобро се платени работниците во Швајцарија, САД и во Хонгконг. Ова се резултати на едно истражување кое покажува дека 45% од иселениците се изјасниле дека нивната моментална работа е подобро платена во странство, а 28% се преселиле поради унапредување. Во Швајцарија, позната по високите планини и високите цени, годишниот приход се зголемил за вкупно 61.000 долари. Просечната годишна плата на иселениците изнесува 203.000 долари, што е двојно повеќе од светското ниво.

Expat Explorer на HSBC покажа дека Сингапур веќе четири години по ред се наоѓа на врвот на листата како најдобро место за живот и работа, а позади него се Нов Зеланд, Германија и Канада. Швајцарија се најде на осмото место поради високите трошоци за живот, а Шведска, земјата со најголема рамноправност на половите, има најголеми додатоци за семејствата.

И покрај културолошките, финансиските и професионалните предности на преселувањето во странство, истражувањето во кое учествувале 22.318 луѓе покажа дека жените потешко се одлучуваат да се селат во споредба со мажите. Иако преселувањето им ги зголемува просечните приходи на жените за 27%, само една четвртина од нив се осмелуваат да се селат со цел напредок во кариерата, наспрема 47% од мажите. Просечната годишна плата на жените е помала за 42.000 долари во споредба со таа на мажите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.