Неколку часа откако се здоби со титулата татко, принцот Хари даде изјава за медиумите. 34-годишниот припадник на британското кралско семејство потврди дека присуствуваше на породувањето и дека многу се гордее со Меган.

Со возбуда можам да соопштам дека со Меган добивме момче утрово, многу здраво машко бебе. Беше најубавото искуство кое би можел да си го замислам. Како жените го прават она што го прават е непоимливо. Неверојатно многу се гордеам со мојата сопруга. Не сум присуствувал на многу породувања. Ова дефинитивно ми беше прво породување. Беше прекрасно и апсолутно неверојатно. Секој татко и родител ќе каже дека неговото дете е неверојатно, но ова мало нешто е да умреш за него. Пресреќен сум – изјави тој.

На прашањето дали имаат избрано име за синчето, Хари одговори: Сè уште размислуваме за имиња!

Хари сподели и дека јавноста ќе има можност да го запознае новороденчето за два дена.

Меган утрово роди момче тешко 3,3 килограми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.