Според истражувањето на „Бејби центар“, следната листа покажува кои имиња ќе бидат најпопуларни во годината што доаѓа. Ако лани Софија, Оливија и Ава владееја меѓу девојчињата, а Џексон, Лијам и Ноа меѓу момчињата, според „Бејби центар“ ова ќе бидат имињата за кои новите родители најчесто ќе се одлучат во 2019 година.
Доколку очекувате нов член на семејството, можеби ќе најдете инспирација помеѓу светските трендови.
1. Имиња поврзани со семејството Кардашијан/Џенер
Во САД популарноста на името Сторм (Бура) порасна за 63 отсто отакако Кајли Џенер така ја крсти својата ќерка, додека Дрим (Сон), името што Роб Кардашијан и Блек Чајна го одбраа за нивната ќерка, бележи раст од 42 отсто на листата на популарноста. Нешто слично поминуваат и имињата Тру (Вистина) како што се вика ќерката на Клои Кардашијан и Чикаго, ќерката на Ким Кардашијан.
2. Боемски имиња
Новите родители сè почесто го одбираат името Пис (Мир) за девојчињата, а Шанти (што исто така значи мир, но на санскрит) за момчињата. Во пораст е интересот за имињата Кејл (Кељ), Киви и Сафрон (Шафран).
3. Имиња поврзани со кралското семејство
Според „Бејби центар“, името кое за идното кралско бебе ќе го одберат Меган Маркл и принцот Хари, ќе влијае многу врз оваа листа. Според обложувалниците во Велика Британија, најмногу се типува на Џејмс, Албер и Артур ако е момче и Викторија, Алис и Елизабет ако е девојче.
4. Кратко и слатко
Просечната должина на имињата во САД постојано опаѓа од деведесетите, така што и годинава во тренд се кратките имиња. Се очекува многу новороденчиња да ги добијат имињата Нова, Кејс, Зејн, Ела и Опал, прогнозира „Бејби центер“.
5. Најпопуларните имиња за момчиња
Уште од почетокот на водење на статистиката во 1880 година, до денес, во САД најпопуларните имиња за момчињата се: Лијам, Ноа, Вилијам, Џејмс, Логан, Бенџамин, Мејсон, Елајџа, Оливер и Џејкоб.
6. Најпопуларните имиња за девојчиња
Кога станува збор за девојчињата, најпопуларни имиња се: Ема, Оливија, Ава, Изабела, Софија, Миа, Шарлот, Амелија, Евелин и Абигејл.
7. Необични имиња
„Бејби центар“ предвидува дека во 2019 година бум ќе доживеат имињата Арија, Рајли, Лејла, Зои и Харпер, кај женските бебиња, а Ејден, Кејден, Грејсон и Лукас кај машките.
8. Имиња кои доживеале најголем скок во популарноста
Оаклин доживеа скок на скалата на популарноста од дури 749 места. Голем скок забележаа и имињата Енсли, Дрим, Меланија, Емберли и Октавија, како и машките Велс, Каиро, Каспијан, Нова и Колсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.