Се верува дека името го одредува карактерот, а подоцна и судбината на човекот што го носи. Русите сметаат дека имињата на овие девојчиња може да им донесат несреќа и самотија…
Александра
Девојките со ова име честопати поседуваат цврст машки карактер, што за жал не им помага да воспостават хармоничен однос со партнерот. Повеќето Александри доцна стапуваат во брак и семејната среќа не им е приоритет. Девојката со ова име не е мрзелива, но не ужива во домашните обврски, како што се чистење, перење и готвење. Таа носи сила и стабилност во семејството, но „женските“ работи не се за неа. Честопати има многу успешна кариера, но ги губи женственоста и нежноста.
Вера
Девојките со ова име имаат прекрасен карактер. Тие се борбени и спокојни, наклонети се кон авантуристички и екстремни спортови. Копнеат по нежност и грижа, па често ги менуваат партнерите, со желба да го најдат мажот што ќе ги чува како капка на дланка. Најчесто се венчаат со маж постар од нив, ни никогаш не чувствуваат силни емоции кон него. Ним најважно им е да имаат финансиска стабилност, а ако имаат дете, сакаат да му обезбедат изобилство и ништо нема да им застане на патот.
Кристина
Девојката со ова име е склона кон брзо заљубување и големо разочарување. Поседува експлозивен темперамент, што ја доведува до вечна нестабилност во семејниот живот. Често започнува караници со сопругот и свекрвата. Кристините најчесто одбираат неверојатно љубоморен човек за сопруг. Ако е родена наесен, со текот на времето учи како да го совлада својот карактер што може да доведе до мирен семеен живот.
Људмила
Таа по природа е многу чувствителна и мирна личност. Многу внимателно го одбира сопругот. На прв поглед, Људмила ги има сите карактеристики за да доживее голема среќа, но тоа одбирање на партнер на крајот ја доведува до ќорсокак. Бракот со Људмила е исполнет со караници, жалби и обвинувања. Ретко кој може да живее со таква жена.
Светлана
Девојките со ова име секогаш се потпираат само на себе и тоа ги спречува да се препуштат и да пронајдат вистинска среќа. Мажите им посветуваат многу внимание, но тие кон нив се внимателни и недоверливи. Долго време го одбегнуваат бракот, што ги навредува мажите кои ги сакаат. Во бракот, тие се среќни и грижливи мајки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.