Драган Колесариќ од Хрватска е вистински хит на интернет. Овој 83 годишен старец од Местото Лундберг близу Вараждин е познат по својата љубов кон виното и добрата чаша.Но, далеку од тоа дека може да се нарече алкохоличар или популарно наречен пијаница.Драган вели дека никогаш не бил пијан бидејќи знаел кога е доста.
Но,овој витален човек кога ќе почине сака неговите блиски да го паметат како шегобиец па затоа на споменикот и гробот кој веќе е „спремен“ монтирал буре со вино на кој ставил и чеп.Намерата му е кога блиските ќе дојдат на неговото вечно почивавиште да се напијат добро вино, но и да му турат некоја капка и нему “таму долу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.