Страхиња Стојановиќ, кој вчера беше разнесен со бомба на далечинско во Нов Белград, се спомнуваше како можен убиец на неговиот роден татко, пишуваат српските портали.

Таткото на Страхиња, Паја Стојановиќ беше убиен на 24 септември 2015 во населбата Галеника во Земун, а таа ликвидација остана нерешена. Стојановиќ беше убиен на четвртиот кат, пред вратата од станот на неговите сватови, но убиецот го испукал првиот куршум кон него пред влезот во зградата.

Се верувало дека Паја Стојановиќ е убиен поради криминални контакти и работите на неговиот син, но многумина тврдат дека тој бил убиен од неговиот син Страхиња. Пајо Стојановиќ бил затворен поради силување, обид за убиство, грабеж и други криминални активности.

Инаку на Страхиња Стојановиќ, кој вчера беше разнесен во неговиот џип во Нов Белград, пред две години, исто така му беше подметнат експлозив под автомобилот, а тогаш со него во возилото беше поранешната мис на Шпанија, која помина со сериозни повреди, додека тој поминал без повреди, бидејќи во моментот на експлозијата се вратил во станот по телефонот кој го заборавил дома.

Стојановиќ е директно поврзан со убиството на адвокатот Мишо Огњановиќ, а учествуваше во престрелки во кои беа ранети неговиот кум Милош Видаковиќ, и еден припадник на БИА.

Тој одамна им бил познат на полициските и судските органи по своите криминални активности. Убиството на адвокатот Миша Огњановиќ, кој беше убиен на крајот на јули 2018 година, се поврзува со неговото име.

Адвокатот Огњановиќ го познавал Страхиња Стојановиќ од судењето за случајот за убиството на братот на Лука Бојовиќ, Никола.

Страхиња Стојановиќ беше неколку пати уапсен за сериозни злосторства, и тој беше осудуван за принуда и поседување оружје. Неговата блискост со кланот Шарановиќ се рефлектира во пријателскиот однос што го имаше со Милош Делибашиќ, внук на Шарановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.