За Велики петок постојат многу обичаи со кои верниците симболично го одбележуваат овој најтажен христијански празник.

На Велики петок Исус Христос е распнат во големи маки, а своето тело го жртвувал за спасение на човечкиот род.

Во одредени краишта се избегнува да се јаде лук. Имено оваа намирница се користи за истерување на нечистите сили, па на овој голем и свет ден не е пожелно да се јаде, бидејќи злите сили на овој ден не можат да пријдат никому.

Исто така, според народното верување, не се препорачува во раце да се зема ѓезве, поради изгореници, а девојките треба да ја измијат косата, како главата не би ги болела во текот на годината.

Уште нешто се однесува на намирнции од домаќинството. Не се користи оцет и бибер, бидејќи се верува дека раните на Исус ги мачкале со оцет за повеќе да го болат, односно повеќе да страда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.