Терминот „меден месец“ се поврзува со тукушто венчани парови и тоа не е случајно. Потеклото на терминот датира од Месопотамија, поточно Вавилон, каде што постоел обичај еден месец по венчавката, таткото на невестата да го снабдува зетот со онолку медовина колку што може да испие.
Бидејќи Вавилонците го користеле лунарниот календар, овој месец бил наречен „месец на медот“. Оттука произлегува сегашното име „меден месец“.
Античките Грци го правеле овој пијалок многу пред да го употребуваат зборор „вино“ и медовината првично се сметала за пијалок на боговите. Медовината всушност е еден вид на вино направено од мед што се подготвува на многу специфичен начин од мед, вода и квасец.
Во Источна Европа, на овој пијалок му се припишувале и лековити својства, воините ги миеле раните со него и сите го пиеле за да живеат што е можно подолго.
Овој пијалок е наречен и „еликсир на животот“ поради неговиот состав и многу позитивниот ефект врз организмот. Медовината го стимулира апетитот, го зајакнува организмот и го забавува стареењето.
На медовината и се припишувале и афродизијачки својства па младенците биле охрабрени да пијат во што поголеми количини, со цел да добијат наследници што е можно побрзо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.