Ирина Гарашченко (47), мајка на девојчето Могли, како што медиумите ја нарекоа петгодишната московјанка која властите ја спасија од стан полн со ѓубре и бубашваби, се појави денеска на суд и и е одреден двомесечен притвор.
На Гарашченко ќе и се суди за обид за убиство на малолетно лице кое се наоѓа во беспомошна состојба.
Оваа мајка монструм на сослушувањето изјавила дека целата ситуација околу нејзината ќерка и неа е – провокација. Упорно тврдела дека не направила ништо со што би го загрозила животот на нејзината ќерка.
Таа беше во добра состојба не знам што се случило. Може да биде ова нечија провокација. Сакам тоа да го објаснам, но мора прво да влезам во станот. Не сум го видела заклучокот од докторот, сама сакам да објаснам што се случило таму, тврдела таа.
Во меѓувреме, лекарите и експертите се обидуваат да ја опорават и социјализираат малечката Љубов, како што ја нарекоа. Детето стигна во болница изгладнето, болно, неразвиено, со ѓерданче сраснато во вратот. Веднаш констатирале дека не знае да зборува, туку само произведува звуци, дека се плаши од вода, не знае што е кревет…
Овошјето и другата храна која и ја понудивме, прво ја мирисаше. Дури потоа ја земаше со прстите. Беше многу вознемирувачки да се гледа тоа. Никој не ја научил да спие во кревет. Многу се мачевме додека ја успивавме. Многу се плаши од вода, раскажала за Скај Њуз правобранителката за деца Ана Кузњецова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.