Веста дека Русија официјално ја регистрира вакцината против Ковид-19 во цел свет предизвика различни реакции меѓу кои преовладува и скептицизам.

СЗО и другите експерти се огласија дека не се во целост убедени во ефикасноста на таа вакцина.

Сепак, истражувачкиот Институт Гамалеј, каде што е направена вакцината, е еминентна институција со долга традиција

Институтот е стациониран во Москва и е подреден на руското Министерство за здравје.

Пред речиси 130 години, во 1891 година го основал Николај Гамалеј по којшто и денес го носи името.

Гамалеј бил пионер во истражувањата на полето на вакцинацијата и микробиологијата во Русија.

Институтот по основањето бил приватна хемиско-микроскопска и бактериолошка организација, а во 1919 година бил национализиран.

Главните истражувања кои што Институтот ги спроведувал се оние за Еболата, како и сега за актуелниот корона вирус.

Пред три години од Институтот извршија испорака од 1.000 дози независно произведени вакцини против Ебола во Гвинеја. Според извештаите од кинеската новинска агенција Синхуа, тоа засега е единствено одобрена вакцина за таа смтоносна болест.

Таков е моментално случајот и со корона вирусот. Институтот почна со истражувања во месец мај оваа година.

Тие поминаа низ три фази. Првата фаза беше завршена на 18 јуни, а втората во месец јули, за вчера претседателот Владимир Путин да објави дека веќе е развиена руската вакцина.

Се очекува во месец септември да почне индустриското производство на вакцината која што е изработена во Институтот Гамалеј.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.