Луѓето често се плашат дека ќе задоцнат и дека ќе пропуштат некој лет, а токму тоа му го спаси животот на еден Грк.

Во големата авионска несреќа на „Етиопиан Ерлајнс“ животот го загубија 157 лица, а за среќа на Антонис Мавропулос, тој за малку пропуштил да се качи на кобниот лет. Мавропулос ќе бил 150-тиот патник во авионот кој што се сруши шест минути после полетувањето, но тој задоцнил на чекирањето само две минути.

Бил многу вознемирен кога го пропуштил летот, по што веднаш резервирал билет за друг лет.

Бев лут затоа што никој не сакаше да ми помогне да стигнам до гејтот на време. Ги гледав луѓето како влегуваат во тунелот и викав да ме пуштат. Сега сум среќен што сум жив – напиша Мавропулос на својот профил на Фејсбук, објавувајќи фотографија од неговиот билет за кобниот лет.

Тој дознал за несреќата откако полицијата го побарала да го испраша зошто го пропуштил летот. Антонис се обидел да го избегне испрашувањето затоа што не сакал да го пропушти својот втор лет. Тогаш еден од полицајците му рекол дека „треба да му се заблагодари на Господ, а не да негодува“ и му порачал дека мора да го испрашаат затоа што тој бил единствениот патник со билет, кој не се качил на авионот.

Ова бил мојот среќен ден – напиша Гркот откако подоцна дознал дека авионот се срушил и сите патници и членови на екипажот загинале во несреќата.

Мавропулос, инаку претседател на непрофитната организација “International Solid Waste Association” требало да присуствува на годинешниот собир на Програмата за животна средина на Обединетите нации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.