Сеавус Едукативен и развоен центар во соработка со IMPACT Foundation го отвора повикот наменет за сите заинтересирани жени и девојки од ранливи категории кои сакаат да ги надградат своите дигитални вештини преку субвенционираната програма (академија) за дигитален маркетинг.
Програмата е првенствено наменета за невработени девојки и жени до 29 години, а предност ќе имаат апликациите на кандидатките што живеат надвор од Скопје.
Академијата ќе трае четири месеци и истата ќе се одвива целосно оналјн. Сеавус Едукативен и Развоен Центар заедно со RECONOМY покриваат 80% од вкупната школарина. Остатокот од школарината во износ од 270 евра (во денарска противредност) учесничките ќе имаат можност да го исплатат на рати најдоцна до 1 декември 2022 година.
Повикот ќе биде отворен најдоцна до 13 декември 2021, а за сите дополнителни информации можете да се обратите на следната имејл-адреса slavica.miloshevikj@seavus.com или контакт телефон 075 334 547.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.