Леонардо Да Винчи открил дека крајот на светот ќе се случи во 4006 година и за тоа откритие оставил тајна порака во едно од своите најголеми дела. Уметникот од 16 век се смета за најголем интелектуалец на сите времиња и често пораи своите дела бил нарекуван и генијалец. неговото најпознато дело Мона Лиза, го држи Гинисовиот рекорд за најголема вредност на осигурување од преку 700 милиони фунти.
Но, Тајната вечера е речиси еднакво позната во светот, како и најкопирана религиозна слика. Уметничкото дело ја претставува сцената на последната вечера на Исус со апостолите, како што е опишана во Евангелието по Јован 13:21.
Да Винчи претставил како се чувствувале апостолите кога Исус објавил дека еден од нив ќе го предаде. Но, во делот можеби е соркиена и тајна порака за крајот на светот, открива серијата „Топ 10 мистерии и тајни“.
-Тој мошне се потрудил да го истакне бројот три, се баведува во документот од 2017 година. Постојат три прозорци и три групи апостоли. Дали едноставно сакал да го истакне верувањето во светото тројство или сликата сокрива нешто повеќе?, се прашуваат авторите.
Тука не застануваат шпекулациите, бидејќи се смета дека броевите сокриваат мрачно пророштво за крајот на светот. Според Сабрина Сфорца Галиција, истражувачка на Ватикан, Да Винчи предвидел глобална поплава на 21 март 4006 година која, како што се тврди ќе ја уништи човечката раса.
-Постои „Кодот на Да Винчи“ и тоа не само оној што го популаризираше Ден Браун, вели таа. Галиција ја прегледала таписеријата на „Тајната вечера“ направена на кралот Луј XIII, која се заснова на сликата на Да Винчи. Работела на продолжение на „Кодот на Да Винчи“, за да го објасни, вклучувајќи и знаци од Зодијакот и употребата на 24 букви од латинското писмо во него за да претстави 24 часа од денот. Таа тврди дека сфатила оти Да Винчи го предвидел крајот на светот во „универзална поплава“ која би почнала на 21 март 4006 година и би завршила на 1 ноември истата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.