Овогодишниот Евросонг требаше да се одржи во Ротердам, но поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирусот е откажан. Поради сѐ поголемиот број смртно настрадани од ковид-19 првпат во историјата овој музички натпревар е откажан.
Нашата земја на Евросонг требаше да ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.
Ова е дел од изјавата на ЕБУ:
Со големо жалење сме принудени да го објавиме откажувањето на Евросонг 2020 во Ротердам. Во последните неколку недели истражувавме многу алтернативни опции кои би дозволиле да се одржи Евросонгот, меѓутоа, несигурноста создадена со ширењето на ковид-19 низ цела Европа и ограничувањата наметнати од владите на државите учеснички и холандската влада значат дека ЕБУ е принуден да ја донесе оваа тешка одлука дека е невозможно да се продолжи настан во живо како што беше планирано!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.