Фондацијата која стои зад Женевскиот саем на автомобили ја откажа организацијата на овој настан за следната година откако голем број од потенцијалните излагачи порачаа дека веројатно нема да учествуваат.
Одлуката беше донесена по контраверзите со државната помош понудена на организаторите. Имено, државата на фондацијата и понудила 11 милиони швајцарски франци помош. Фондацијата која го организира саемот, планира да ги продаде правата за организирање на настанот на компанијата „Палеекспо“, која управува со просторот каде се случува настанот.
Сега фондацијата бара финансии од банките и инвеститорите за да преживее, изјави директорот Сандро Мескуита за швајцарскиот весник Лагефи, претходно овој месец. Доколку тоа не го направат, би можело целата компанија да се стави на продажба, додава тој.
Шефовите на главните светски производители на автомобили, вкучително Воксваген, и Тојота обично присуствуваат на изложбата во Женева, која за прв пат е поставена во 1905 година.
Фондацијата е една од десетината организации во Женева кои, помеѓу останатото е и дом на Светската здравствена организација која ги откажа или одложи јавните настани на почетокот на оваа година бидејќи корона вирусот се ширеше низ Европа, чинејќи ги учесниците стотици милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.