Знаците и влијанијата на климатските промени, како што се покачувањето на нивото на морињата, топењето на глечерите и екстремните временски прилики, пораснаа во периодот од 2015 – 2019 година, што претставува и најтопол петгодишен период во историјата на мерењето, стои во извештајот на Светската метеоролошка организација.

Концентрацијата на гасовите со ефект на стаклена градина во атмосферата исто така достигнуваат рекордни нивоа, покажува извештајот за Глобална клима во периодот од 2015-2019, објавен пред самитот за климатските акции на генералниот секретар на Обединетите нации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.