Ссо затворените џамии, полицискиот час поради коронавирусот и забраните за масовни молитви од Сенегал до југоисточна Азија, околу 1,8 милијарди муслимани се соочуваат со рамазан како никој претходно. Низ муслиманскиот свет пандемијата создаде нови нивоа на загриженост воочи светиот пост, кој почнува во четврток.
Во Алжир 67-годишната Јамин Хермахе обично прима роднини и соседи во својот дом и ги гости со чај и студени пијалаци за време на месецот во кој муслиманите постат од зора до самрак. Но, се плаши дека годинава ќе биде поинаку.
Можеби нема да ги посетуваме ниту тие ќе дојдат“, вели таа со солзи. „Коронавирусот ги исплаши сите, дури и саканите гости“.
Во земјата во која џамиите се затворени, нејзиниот сопруг Мохамед Џемуди, 73, е загрижен поради нешто друго.
Не можам да замислам рамазан без теравих“, вели тој мислејќи на дополнителните молитви во џамиите кои се изведуваат по ифтарот, вечерниот оброк по целодневниот пост.
Во Јордан се очекува владата, во координација со соседните арапски земји, да објави фатва во која ќе биде назначено кои разамански ритуали ќе бидат дозволени, но милиони муслимани веќе ги чувствуваат разликите.
Од Африка до Азија, коронавирусот фрли сенка на тешкотија и несигурност.
За Каиро, градот од 23 милиони луѓе кој никогаш не спие, коронавирусот е катастрофален.
Луѓето не сакаат да одат во продавници, се плашат од болеста. Ова е најлошата година“, вели Самир ел Хатиб, кој има тезга покрај историската џамија Саједа зенаиб. „Во споредба со минатата година, не продадовме ни четврт“. За време на рамазан, уличните трговци во египетската престолнина ги редат своите маси со урми и кајсии и останато слатко овошје, а на кулите на ѕидините се традиционалните фенери.
Оваа година, меѓутоа, властите воведоа полициски час и ги забранија заедничките молитви и другите активности, па многумина не гледаат смисла во купувањето фенери. Меѓу ретките кои тоа го направиле е 59-годишниот менаџер на египетската берза Насер Салах Абделкадер.
Оваа година воопшто ја нема рамазанската атмосфера“, вели тој. „Обично ќе дојдев на пазар и веднаш од почетокот пуштаа музика, седеа наоколу, практично живееја на улица“, опишува тој.
Спречувајќи ја свеченоста пред да почне, коронавирусот го отежна и вториот дел од рамазан, времето кога постот и добрите дела се сметаат за задолжителни.
Во Алжир сопствениците на рестораните прашуваат како да им дадат ифтар на оние на кои им треба кога нивните простории се затворени, додека добротворните организации во Абу Даби, во кои слабо платените работници од јужна Азија добиваат ифтар, не се сигурни што да прават со џамиите кои се сега затворени.
Мохамед Аслам, инженер од Индија кој живее во трособен стан во центарот на Абу Даби со уште 14 луѓе е невработен поради вирусот. Откако неговата зграда беше ставена во карантин бидејќи еден станар е позитивен на коронавирусот, тој зависи од добротворна помош во храна.
Во Сенегал се планира да се продолжи со хуманитарните акции, иако на ограничен начин. Во глвниот град Дакар, добротворните организации кои на карактеристичен начин делат ндогу, печива прекриени со чоколада и разни додатоци, урму, шеќер и млеко на оние на кои им е потребно ќе ги дистриубираат во училиштата, но не и на улица.
Во Индонезија, земјата со најголема муслиманска популација во светот, некои со саканите ќе се видат „од далеку“. Прабово, кој се претставил со името, вели дека ќе го одбележи еид ал фитр на крајот на месецот на постот само со разговор преку интернет мрежата Зум, наместо да оди дома.
Загрижен сум поради вирусот“, вели тој, „Нема да има никаков вид заедништво. Нема заеднички ифтар, нема заеднички молитви во џамија, нема дури ни озборување со пријателите“, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.