Видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на црковниот хор на децата од село Велгошти Охрид. Спотот е снимен во село Велгошти по повод бадниковата манифестација „Бадникови поворки“.

Во описот на видеото стои благодарност до црковниот одбор на Село Велгошти, до општина Охрид и посебна благодарност до покојниот градоначалник на Охрид, Проф. Д-р Јован Стојаноски.
Видеото, монтажата и режијата за видеото се дело на Љушев Томе и Љушев Кристијан.

Аранжманот е дело на Кристина Шокароска, тон мајстор: Александар Јосифовски.

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Мудреци од Исток доаѓаат,
дарови да принесат достојни;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.