Охрид SOS изминативе денови на социјалните мрежи спореди фотографии и видео со кое ја прикажува загаденоста на Охридското езеро.

Пред некој ден заврна во Охрид. Само за половина час, реалноста (канализацијата) која упорно се игнорира, „исплива“ на површина.

Годинава, кога се бележат 40 години од впишувањето на Охридското Езеро за УНЕСКО (UNESCO) добро од светска важност, ние меѓу другото може да се „пофалиме“ со катастрофално загадување за кое знаеме со години и за кое ништо не е преземено. Милионски старото, древно езеро, едно од само малкуте на планетата земја го убиваме ден за ден, сè позабрзано, сосема несвесни и крајно неодговорни. Со кое право?!, напишаа од Охрид СОС на Фејсбук.

Некои посетители коментираат дека минатата година имале слично сикуство откако заврнал дожд.

Лани бевме до канео, заврна силен дожд за жал газевме во ова, среќа ова година во понеделник последен ден не решивме пак да се шетаме. Охрид е убав си го сакаме само треба да го спасиме. Не треба да се штеди пари за колектор систем, ќе биде добро и за жителите но и за сите посетители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.