Граѓанското здружение Охрид SOS покажа фотографии од Љубаништа и уништеното природно наследство во Охридскиот регион.
ЉУБАНИШТА
(празнична глетка)
Некои го љубат, други го ништат природното наследство на Охридскиот Регион. Едни објавуваат со желба да се укаже на проблемите, јавни служби, поединци или групи чистат. Некои повторно загадуваат, фрлаат најразличен отпад, се однесуваат неодговорно. И тоа е еден постојан циклус. Не може да запре. Ни со апели, ни со опомени. Можеби со казни. Доколку навистина се казнат тие што го прават ова.
Им благодариме на сите совесни сограѓани, сонародници, кои споделуваат, кои објавуваат, реагираат, кои организираат и најмали акции за чистење. Апелираме на институциите за поригорозен пристап кон овој проблем. Да се љубит природата а да се ништат овие лоши навики.
ЉУБАНИШТА
(празнична глетка)Некои го љубат, други го ништат природното наследство на Охридскиот Регион. Едни…
Posted by Охрид SOS on Friday, April 17, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.