Невладината Охрид СОС на својот фејсбук профил постави видео на кое може да се види како се уништува струшкото крајбрежје, додека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја промовира ДУИ во зелена партија.

Сите материјали кои ги имаме, кои ги добиваме, се споделуваат до надлежните институции, како прилог на претставки до соодветните инспекциски служби. Се реагира веднаш. За жал, тие мошне бавно или некогаш воопшто не реагираат. И кога ќе има реакција, истрага, таа трае предолго или некаде закочува. Досега нема епилог каде некој е најден и соодветно (и вистински) санкциониран, велат од Охрид СОС.

Граѓаните реагираат дека таму се е уништено.

Се е уништени… Секој што ќе му текне покрај крајбрежјето од Струга до Калишта пали, гради, оградува, па преку ноќ се градат парапетчиња, автокампови, шанкови…Рибите и птиците и целокупниот биодиверзитет неповратно се уништува…За жалење сме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.