Дебарско-кичевската епархија во соработка со општина Охрид, јавните претпријатија, Црвен крст и останатите соработници и оваа година го организира еден од најмасовните празници во Охрид. Според надлежните течат подготовките за чествувањето на најмасовна црковно-народна манифестација, празникот „Богојавление- Водици“ и Денот на рибарите во Охрид.

Покрај црковниот дел, локалната подготви и богата музичка програма во пресрет на празникот. На 18-ти овој месец ден пред големиот празник Богојавление концерт ќе одржи хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, а на 20-ти, на Денот на рибарите настапува фолк пејачот Миле Кузманоски. Сите концерти ќе се одржуваат на Градскиот плоштад во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.