Оскарите требаше да бидат доделени на 28 февруари следната година, но сега се одложени на 25 април.
Организаторите исто така се согласија да го продолжат крајниот рок за прифаќање на филмовите до крајот на февруари 2021 година наместо крајот на декември годинава, пишува Би-би-си.
Пандемијата веќе ја прекина работата на голем број филмови кои требаше да бидат објавени до крајот на годинава.
Сè уште не е познато дали церемонијата можеби ќе биде виртуелна.
Номинациите ќе бидат објавени на 15 март 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.