Кревет за спиење бил изваден од водите на реката Вардар, пишува порталот „СДК.мк“. Меѓу ѓубрето што било извадено од Вардар имало и теписи, шипки, пластични шишиња, гранки, дрвја, колтуци за ловење риба.
Сето ова беше извадено од реката Вардар во центарот на Велес при вчерашното чистење, кое го изведоа волонтерите од „Македонски спасител“, здружение за безбедност на вода и планина. Тие неколку часа го чистеа коритото на потегот од мостот „Гемиџии“ до Стар мост, помогнати од вработените во ЈКП „Дервен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.