Денот на кој го одбележуваме споменот на Апостол Филип е и денот кога православните верници се подготвуваат за претстојниот пост…
Утре, 28-. ноември, започнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7. јануари. Денешниот ден, 27. ноември, се нарекува уште божикни поклади.
Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за да верниците можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.
Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.
Во продолжение погледнете ја табелата со годинашните датуми, празници и правила за постење на Божиќните пости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.