Од синоќа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат по целиот град.
Во гаснењето се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ со сопствена механизација.
Причина, повеќе од сигирно е човечки фактор. Потпалена е во доцните вечерни часови, зашто да се случеше во текот на денот можеби ќе можеше да се каже дека е од високите температури. Не се случува за првпат. Ова е на штета на сите, а е од несовесност на некого. Гореше од трите страни што беше многу опасно и за сите нас кои сме на терен, вели Омер Цами, раководител на секторот за комунална хигиена во ЈКП„Стандрад“.
По зачестите потпалуњата депонијата има и чувар во текот на денот. Тој синоќа бил до 19 часот.
Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.