Утринската програма на телевизија Телма од септември повеќе нема да продолжи да се емитува, соопштија вчера четворицата водители на Фејсбук.
Тие не ја открија причината за прекинување на емисијата, но им се заблагодарија на сите гледачи, соработници и учесници.
„Со најтажно срце поради вас, нас…нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, но мораме да соопштиме. Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека Утринска на Телма од септември нема да оди во етерот. Причините се познати на менаџментот и управата на Телма телевизија.
Како и да е, сакаме да ви заблагодариме за целата поддршка и љубов што постојано ја добивавме од вас. За сите заеднички кафиња наутро, за целата прекрасна енергија која взаемно си ја праќавме, за насмевките и убавините поминати во 4 часовното шоу во живо.
Ние ќе наздравиме за сите вас, ќе ви посакаме да сте и понатаму така прекрасни и среќни, а со нас се гледате во некоја друга форма без разлика дали телевизиска или поинаква.
Со почит и многу љубов вашите утринци: Елена, Гоце, Марко и Цеце.
П.с секако огромна благодарност и до целиот тим што работеше и зад камерите, во монтажа, во режија и гостите кои безрезервно и со цела душа и енергија доаѓаа во нашата емисија“, пишува на нивната фејсбук страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.