Холивудската актерка, Мила Јовович на својот профил на Инстаграм објави фотографии од нејзините предци кои учествувале во Втората светска војна. Мила во описот на објавата напиша дека има многу храбри војници во нејзиното семејство.
Ова е слика на баба ми Татјана Попова, која се запиша како прва медицинска сестра кога имала само 16 години. До 18-тиот роденден, се движеше низ неискажливи ужаси до Берлин. Овие се нејзините медали и документи што ги чуваше мајка ми. Исто така, мојот дедо по татко ми, Богдан Јовович, се бореше во редовите на југословенските партизани. Може да се каже дека потекнувам од семејство на борци, војници и револуционери и јас сум горда на моето наследство и неверојатните луѓе од кои доаѓам, напиша актерката.
Таа додаде дека денес треба да има повеќе луѓе како нејзините предци.
Кога работите одат тешко, мислам за тоа низ што мина баба ми кога беше уште дете и ништо повеќе не изгледа толку напорно. Денес ни требаат повеќе вакви луѓе, заврши Мила.
Таткото на Мила е по потекло од Црна Гора, а раното детство го помина во Москва, родниот град на нејзината мајка, а пред да се пресели во Соединетите држави, живееше во Велика Британија извесно време. А пред да се пресели работел како воен финансиски инспектор во Скопје и Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.