Пејачот на легендарнта група „Д Темптејшн“ Брус Вилијамсон почина од коронавирус на 50-годишна возраст, пренесува ТМЗ. Тој починал во својот дом во Лас Вегас, а неговата смрт ја потврди неговиот син кој се прости на социјалните мрежи.

Не постојат зборови кои можат да опишат како се чувствувам во моментот. Ти благодарам што беше одличен и полн со љубов. Му се молам на Бог и повторно ќе се сретнеме – напиша тој.

Вилијамсон се приклучи на бендот во 2006 година и пееше во него до 2015 година.

Се сеќавам кога првпат настапив со групата, тоа беше на приватниот роденден на милионерот, на мала сцена поставена на неговите тениски терени – рече тој во 2013 година.

Роден е во Калифорнија, а неговата љубов кон музиката започна кога тој започна да пее во црква како дете.

Инаку групата е основана во шеесеттите години на минатиот век и тие постигнале успех благодарение на нивниот оригинален пристап кон музиката. Тие настапуваат и денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.