Светскиот шампион од 1986 со Аргентина, Диего Армандо Марадона ќе признае три деца од Куба од две различни жени. Неговиот адвокат Матијас Морла вели дека летоска ќе оди во Куба да ги направи ДНК тестовите и преку судски пат да ги признае децата.

Ќе правиме ДНК тест. Децата се од различни жени и Диего ќе ги признае кога ќе се врати во Куба. Тој постојано е во контакт со нив, но не го открива нивниот идентитет како и идентитетот на мајките, изјавил Морла.

Марадона поминал четири години во Хавана како дел од процесот за одвикнување од дрога. Иако наводно тогаш не консумирал дрога, Аргентинецот уживал во ноќниот живот во Хавана и посетите на најдобрите ноќни клубови каде често бил забележан со млади Кубанки.

Диего има уште пет деца од други различни жени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.