Пејачката Северина Којиќ, вчера со неправосилна одлука, го изгуби старателството над синот Александар.

Од денеска за детето се грижи татко му Милан Поповиќ, а Северина има право детето да го гледа неколку пати неделно и секој втор викенд.

Таа синоќа во 20 часот го одвела детето кај татко му.

Хрватските медиуми пишуваат  дека Северина во придружба на сопругот Игор, го донела синот и го предала на Милан Поповиќ.

Дојдоа со џип и влегоа во дворот на куќата во Хоравтовец, кој е загребска адреса на Милан Поповиќ, кој инсистирал детето да му се предаде во четврток навечер, како што е одредено со судската одлука – пишуваат медиумите.

Поповиќ наводно не сакал да го прифати предлогот на Северина да почека детето, кое тешко ја примило судската одлука, да се подготви и прилагоди на новонастанатата ситуација. Според сознанијата, Севе исто така го замолила да и го донесе денеска синот, но Поповиќ не сакал да и ја исполни ниту оваа желба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.