Разбојници ги украле 1.000 години старите посмртни останки од светецот свети Волфганф, од среднвековната црква во Регенсбург на југот на Германија.

Кражбата се случила само неколку дена пред Денот на светиот Волфганг – 31 октомври.

Крадците ги украдоа останките од непробојно стакло и челична конструкција употребувајќи огромна сила. Нематеријалната штета е немерлива – наведоа од црквата.

Свети Волфганг, кој умрел во 994 година, бил привот бискуп на Регенсбург. Канонизиран е во 1052 година, а делови од неговото тело се закопани на различни места.

Постојат два гоба на Волфганг во Регенсбург. Едниот во близина на базиликата Емерамс, а друг во срвката Св.Волфганг.

Останки може да се најдат како реликвии во Австрија и во Португалија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.