Од 1 јануари во американската држава Вермонт стапи на сила законот со кој државата ќе им плаќа на луѓето кои сакаат да се доселат кај нив.
Државата ќе дава 10.000 долари во рок од две години, за вработените надвор од Вермонт, кои би живееле таму, односно би прифатиле да патуваат на работа.
Имаме демографски проблем во државата. Потребни ни се повеќе луѓе, вели гувернерот Фил Скот.
Според американското Биро за попис, Вермонт е третата по ред држава со највисока средна доба, односно просечната возраст на жителите е 42,7 години, а вкупниот број на популација е 600.000 жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.