Холивудските актерки Фелисити Хафман и Лори Лафлин се обвинети зашто на посредници им платиле за да ги подмитат управите на престижни универзитети , каде сакале да се запишат нивните деца.
Според обвинението посредниците ги фалсификувале документите на децата , вклучително и резултатите од тестот , за полесно да бидат примени на престижни универзитети. Актерките се познати по улогите во сериите ,,Очаjни домаќинки” и ,,Полна куќа”.
Против Вилијам Сингер , кој раководел со мрежата , се подигнати четири обвиненија , меѓу другото за изнуда и за перење пари.
Организацијата , со која раководел Сингер примила вкупно 25 милиони долари од родители , кои сакале да ги запшишат своите деца на престижни универзитети како Јеил , Џорџтаун, Стенфорд , УЦЛА и Веик Форест.
Вкупно 33 родители се обвинети зашто побарале услуги од Сингер и за тоа платиле од 200 000 до 6,5 милиони долари за студент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.