Во пресрет на Новогодишната ноќ на новогодишната топка на Тајмс сквер се поставени 192 светкави триаголници со „ватерфорд“ кристали. Топката е покриена со вкупно 2.688 кристални триаголници, секој со различна големина.

Секоја година новодишната топка се украсува со некои нови кристали. Додатокот за оваа 2020 година се одликува со нов дизајн наречен „Подарок на среќата“ претставен со сончев излив на светли парчиња што зрачат кон надвор.

Топката е украсена со вкупно 32.256 лед сијалички, а ќе се спушти на средината на Тајмс сквер на 31 декември во 23:59 часот. Поради корона-кризата Њујорк ќе ја слави Новата година на виртуелен начин, па спуштањето на новогодишната топка и перформансите проследени со истата ќе може да се проследат на телевизиските канали.

Новата година значи нов почеток и едвај чекаме да ја прославиме – изјави градоначалникот Мајк де Блазио



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.