Полека ни пристига Нова година а периодот е преполн со занимливости и пораки. Како и за секој празник постојат обичаи кои се помалку или повеќе популарни, а се врзуваат за новогодишната ноќ. Ние денес ви откриваме некои од тие обичаи.Задолжително е бакнување и честитање со најблиските личности на полноќ. Тоа ви носи емотивна поврзаност и блискост во наредната година.

Првата личност која што влегува во вашата куќа би требало да ги исполнува следните критериуми, личноста би требало да тропне и да биде добро примена од домаќините во домот, би било добро да донесе некој мал подарок како што е на пример парче леб или нешто слично, би требало да биде некој млад и убав маж, но и никој не смее да излегува од домот пред тој да стигне, тој не би требало да излезе од истата врата од која што и влегол во домот, личноста не би требало да има црвена или руса коса.

За Нова година се јаде прасе со зелка, тоа е едно од народните верувања. За разлика од кравите кои се сметаат за мирни животни, прасето се смета за динамично животно. Затоа се верува дека тие кои за новогодишната ноќ ќе јадат прасе ќе напредуваат следната година. Исто така важно е да знаете дека не треба да јадете пиле истата ноќ. Причина за ова е тоа што овие животни во многу култури ги сметаат за валкани. Всушност таа валканост е израз на сиромаштија.

За да имате храна во следната година и пари исто така, така и треба да ја дочекате. Значи, фрижидерот треба да биде полн и секој паричник да има барем малку пари.

Во новата година не треба да влегувате со долгови или неплатени сметки.
На 1 јануари би требало да поработите нешто малку, тоа означува дека во следната година ќе имате работа. Но, не треба да се претерува бидејќи ако работите многу или ако започнете некоја активност тоа значи дека во наредната година нема да имате успех.

Не би требало да изнесувате ништо од домот на 1 јануари, дури ниту ѓубре.
На првиот ден од новата година не треба да миете садови или пак да перете облека. Ова симболизира дека во наредната година некој од домот ќе си замине.

Треба да внимавате нешто да не искршите на први јануари, се смета за лош знак. Исто така избегнувајте плачење бидејќи се верува дека ќе плачете цела година.
Отворете ги вратата и прозорците. Ова ќе ви помогне полесно да си отиде старата а полесно да го направи доаѓањето на новата.

Бебето кое ќе се роди на први јануари се смета за среќно дете.

Постојат и некои верувања поврзани со какво ќе биде времето на први јануари. Ако ветерот тој ден дува од југ значи дека таа година ќе биде добра и богата, ако дува од север цела година ќе биде лоша и студена, ако дува од исток, годината ќе донесе неволја, ако ветерот дува од запад ќе има доволно риби и млеко но и и дека некоја важна светска личност ќе замине од овој свет, ако ветер воопшто нема не чека весела и богата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.