Судењето против холивудскиот монгул Хари Вајнстин, вчера, било прекинато откако актерката Џесика Ман, која го обвинила за сексуално малтретирање, доживеала напад на паника додека била испрашувана од адвокатскиот тим на Вајнстијн.

Поранешната актерка плачела и лелекала откако адвокатите прилично жестоко ја испрашувале зошто останала во контакт со продуцентот, иако тврди дека сексуално ја нападнал во три пригоди за време на 2013 и најверојатно во 2014 година.

За време на сведочењето Ман признала дека била „манипулативна“ во однос со него и дека ја запознала деговата ќерка еден ден откако наводно ја силувал. За време на исцрпното испитување таа признала дека му рекла на Вајнштајн дека „е најдобриот со кого била“ и дека глумела оргазам. Таа признала дека тој извел „златен туш“ на неа, односно уринирал по неа за време за сексот.

Признала дека му го дала својот број и го испрашувала дали сака да ја запознае нејзината мајка, откако наводно ја силувал.

Додека адвокатите ја испрашувале, Вајнштајн, се чинело дека заспал, односно затворил очи, а неколкупати главата му се занишала како да ќе падне од стол.

Ман се скршила откако адвокатката на Вајнштајн, неколку пати ја прашала дали одржувала врска со Вајнштајн и манипулирала со него за да ја подобри својата кариера и да си осигура место на холивудските забави.

Баравте да го гледате на секојдневна база, дали манипулиравте со Хари Вајнштајн?“ прашала адвокатката.

 

Тоа како се носев со ситуацијата и како ја преживував можете да го наречете и манипулација“, одговорила Ман.

Таа го опишала како свој злоставувач, а за себе рекла дека морала „да се покори и да скокне ако тој каже“.

Во петокот на суд со солзи таа раскажала дека Вајнштајн ја натерал на орален секс во хотелот Монтаж во Беверли Хилс во пролетта 2013 година, а потоа и ја силувал и во хотелот Даблтри на Менхетен истата година. Таа тврдела дека тогаш тој со инекција си вбризгал средство за постигнување ерекција во пенисот.

Таа додала дека тој ја нападнал осум месеци подоцна во Лос Анџелес, откако му рекла дека има момче и дека сака да го прекине односот со него.

Таа признала дека биле во бизарен однос и дека со него имала три споразумни сексуални средби, меѓу кои бил и секс во тројка.

Го лажевте Вајнштајн дека бил најдобар кој сте го имале?“, прашала адвокатката.

„Да“, одговорила Ман.

„Лажевте и кога му одглумивте оргазам?“

„Да“.

Потоа адвокатката ја испрашувала за „златниот туш“. Иако Ман рекла дека не се сеќава каде се случило тоа, го раскажала инцидентот.

Ме повика да му се придружам под туш и ме праша дали некогаш сум доживеала златен туш. Му реков дека не“, започнала Ман.

„Дали му кажавте дека не сакате?“, прашала адвокатката.

„Бев во шок, беше одвратно. Во тој момент се свртев кој аголот и гледав настрана“, рекла.

Таа додала дека му се јавила бидејќи не сакала тој да мисли дека таа му е закана, иако тој не ја барал.

На прашање на адвокатката зошто останала во близина на Вајнштајн од 2013 до 2016 година, иако тврдела дека тој е „грозен и дека не сака секс со него“, Ман одговорила дека сакала „да одржи нормална температура меѓу нив“, бидејќи знаела дека Вајнштајн е склон кон изливи на бес, па тогаш посилно би ја злоставувал.

На вчерашното судење Ман прочитала имејл кој го напишала до поранешното момче, во кое прв пат зборувала за односот со Вајнштајн, но и признала дека е сексуално злоставувана во младоста. После тоа таа започнала силно да плаче, а по десетминутната пауза и понатаму не можела да се смири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.