Страхиња Стојановиќ(30) кој на 13 септември загина на Нов Белград во експлозија на бомба подметната под неговиот џип, наводно ликвидиран е поради предавство на кланот на кој припаѓал, дознава српски Ало.
Според зборовите на изворот, Страхиња после обидот за негово убиство во 2018 година, наводно склопил примирје со спротивниот клан, што сега го чинело глава. После тој дил, тој се почувстувал безбедно и не криел каде се движи, за што зборува фактот дека неговата девојка Соња Суарез Гомез(45) често на социјалните мрежи објавувала нивни фотографии и локации каде се наоѓаат.
Токму тој договор е еден од правците на истрага на ликвидацијата, бидејќи не се исклучува можноста дека неговите пријатели помислиле дека тој ги издал и поминал на спротивната страна. Залучиле дека тој е Јуда бидејќи постојат информации, кои се проверуваат, за тоа дека тој често престојувал во Шпанија, каде слободно се движел, иако тоа е територија на Лука Бојовиќ, шеф на шкаљарскиот клан, со кој тие се во судир – вели изворот за Ало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.