Веќе со години на социјалните мрежи се појавуваат низа оптички илузии поради кои често си ја „удираме” главата од ѕид и се прашуваме како е тоа можно.

Сите се сеќаваме на црно-синиот фустан кои за некои луѓе беше бело-златен, а новата илузија повторно им го привлече вниманието на многумина.

Имено, станува збор за фотографија која се појавила на интернет и која ги подели луѓето на оние кои гледаат бои и оние кои ја гледаат вистината.

На фотографијата се наоѓаат неколку тинејџери кои се спремаат да бидат фотографирани со желка која се наоѓа во рацете на една девојка. Иако на прв поглед делува како оваа фотографија да е во боја, таа е всушност црно-бела, а причината поради која ја гледаме онака како што не е, е мрежата преку фотографијата односно квадратчињата со различни бои поради кои нѝ се чини дека тинејџерите носат сини, црвени, зелени и жолти маици.

Еве и уште една оптичка илузија.

На прв поглед гледате десетици црно-бели линии наредени вертикално.

Сепак, фотката многу брзо се прошири вирално, бидејќи се работи за оптичка илузија која во себе крие животно, кое ретко кој го гледа.

Оптичката илузија ја сподели еден Твитер корисник, кој тврди дека мора да ја размрдате главата нанапред-наназад за да го видите животното кое се крие на неа.

Ќе успеете ли? Видовте некое животно?

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.