Нуркачките од „Акватек“ извадија нова тура на отпад од дното на Охридското Езеро. Како што велат, во денешната акција биле извадени две метални казанчиња од југословенско производство за тоалет и еден огромен црн пластичен најлон.
Локацијата беше на околу 200 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри некаде кај Мостот на Желбите и плажата Срјшче. Ќе ве замолам, немојте да фрлате отпад во езерото, срамота и греота е…, напиша Никола Паскали од Нуркачкиот центар.
За потсетување на овој исти потег нуркачите извадија комплетна опрема на купатило, вреќа со плочки, болјер, тоалетна школка…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.