Веќе подолго време недостасуваше емисија во етерот од овој карактер.По кратка пауза на екраните од недела (13 октомври) старува новата сезона на Пет за pet.

Пет за pet содржи многу интересни и едукативни содржини со пет основни и повеќе подрубрики. Во рубриката Мојот миленик претставуваме јавни личности со нивните миленици. Рубриката ЗОО енциклопедија е рубрика во соработка со Скопската ЗОО, во која претставуваме секоја емисија по едно животно од зоолошката градина. Многу корисни информации и совети за домашните миленици се составен елемент од рубриката Пет ветеринар, а во секоја емисија ве запознаваме и со нова раса куче во рубриката Пет педигре. Посебно внимание посветуваме на здруженијата за заштита на животните со нивна ТВ промоција во рубриката Пет заштита.

Емисијата нуди и многу други содржини, како репортажи од кинолошки и други манифестации, наградни игри, рубрика за вдомување на бездомни миленици и уште многу други интересни содржини.

Уредник на емисијата е познатиот кинолошки одлгедувач, голем љубител на домашни миленици и активист за правата на животните кај нас – Стефан Кирков.

Водител на емисијата е Оливера Петрушевска.

Емисијата ќе се емитува премиерно секоја недела во 10 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.