Банката на Република Вевчани деновиве во оптек пушти нова банкнота со вредност од еден грдник.

Таа, заедно со пасошот на Република Вевчани, како и со личниците може да се користи во платниот промет за враќање долгови, за тендерски и други исплати…

Тоа е новоста од Република Вевчани, а веќе е познато дека тие се познати домаќини и шегобијци. Новата валута беше промовирана на социјалните мрежи.

Оваа „држава“ има своја валута, пасош, традиција, обичаи, тврдат дека имаат и свое годишно време, а во тоа богатство го имаат и пратеникот Крсто Мукоски, кој (ќе) ги претставува во парламентот на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.