Војвотката Меган Маркл наводно планира и друга забава по повод раѓањето на своето дете, а меѓу гостите ќе биде и Викторија Бекам.

Како што наведуваат медиумите, сопругата на принцот Хари, Меган, планира да собере бројни познати личности, а овојпат наводно нема да потроши толку пари, како што направи првиот пат кога правеше забава во Њујорк.

Британската јавнсот смета дека таквото трошење на Меган е скандалозно и апелираат малку да се смири, со оглед на тоа дека сметатат дека сето тоа го дава, односно зема од нивниот џеб. Меган мудро молчи. Принцот Хари не се огласува, а Викторија Бекам се подготвува за забава.

Инаку Меган веќе направи бејби шауер, прослава која ја организираше во најскапиот хотел на Менхетен, каде ноќевање чини 75.000 долари. Странските медиуми наведуваат дека за таа забава искеширала неколку милиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.