По „Брд бокс“ предизвикот и јадењето на „тајд“ таблети со прашо за перење, време е за уште поглуп предизвик. Се работи за новиот вирален предизвик под името Shell On, кој изминатите денови кружи на социјалните мрежи. Луѓето се снимаат како јадат прехрамбени производи заедно со нивната амбалажа.
Тоа најмногу го прават тинејџерите, но најверојатно и некои повозрасни го погледнале овој луд тренд.
View this post on Instagram
Најчесто се одлучуваат да изедат банана со се кора, портокали и јајца со лушпи, а некои досетливи ги јадат и ливчињата од корпите на мафините. Еден тинејџер од Аризона отишол толку далеку што гризнал и голтнал пластична вреќичка во која имало морков.
Докторката Данел Стабел рекла дека повеќето тинејџери кои се впуштаат во овој предивик веројато не размислуваат за тоа дека лушпата од банана треба прво да ја измијат, пред да почнат да ја јадат. Поради тоа постои голема опасност од труење со пестициди, кои се наоѓаат на кората на овошјето. Сепак, многу поопасни се случаевите во кои тинејџерите јадат пластични обвивки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.