Швајцарските власти се многу ригорозни кога станува збор за доделување на своето државјанство, а случај со жител на таа земја со косовско потекло покажува дека на таа одлука влијае и начинот на облекување, пренесе „Б92“.

Граѓанскиот совет на Бубендорф немал ниту едена причина да го отфрли барањето за добивање на државјанство кое го поднел Хамди Халили, но сепак тие одлучиле дека тој нема да добие дравјанство, пишува швајцарски „Блик“.

Инаку, барањето на Халили е одбиено по вторпат.

Првпат барањето му е одбиено во 2016 година, со необичното објаснување дека на „граѓаните им смета што Халили низ градот се шета во долен дел од тренерки“.

Кантоналниот суд, кадешто тој се жалел, одлучил дека одбивањето на барањето за државјанство е недоволно образложено, па на општината ѝ наложоле потворно да го загледа неговиот случај.

Во вториот обид е постигнат истиот резултат, повторно без јасно образложение. Патем, синовите и сопругата на Халили веќе имаат швајцарско државјанство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.